Ндомбеле дојде во Франција, денеска потпишува со Лион

Играчот за врска на екипата на Тотенхем, Ндомбеле, веќе пристигнал во Франција. Откако пропадна трансферот со тимот на „светците“, тој се очекува сега да стави потпис за соработка со Лион.

Како што објавија француските медиуми, фудбалерот на лондончани во текот на денешниот ден треба да го финализира трансферот во екипата на Олимпик Лион. Се зборува дека станува збор за позајмица до крајот на сезоната, со тоа што Лион ќе добие право на откуп на неговиот договор.

За време на позајмицата Лион ќе ја исплаќа комплетната негова плата.

Се вчитува...