Ндомбеле: Кој не би сакал да игра за Тотенхем?

Францускиот фудбалер Тонгај Ндомбеле ја откри својата желба следната сезона да игра во Премиер – лигата. Иако беше и во плановите на Реал Мадрид, сепак, најверојатно нема да заврши во „кралскиот клуб“ и затоа истакна дека Тотенхем е одличен клуб.

„Тие се неверојатен тим, кој не би сакал да биде дел од Тотенхем. Беа во финалето на Лигата на шампионите и завршија на четвртото место во Премиер – лигата. Голем предизвике тоа за секој фудбалер“, изјави Ндомбеле.

Играчот од средниот ред на Лион е желба и на Ливерпул.

Се вчитува...