Не е Елмас – Објавено кој фудбалер на Наполи е позитивен на Covid-19

Полскиот интернационалец Пјотр Зјелински е фудбалерот кој што е позитивен на Ковид-19 во калчолигашот Наполи, пренесуваат италијанските медиуми. Од клубот денеска потврдија дека има еден позитивен случај на коронавирус, откако Наполи беше последниот тим што се сретна со Џенова, по масовните позитивни случаи во овој клуб.

По првите негативни тестови владееше оптимизам дека во тимот на Џенаро Гатузо сепак нема да биде инфицирани, но денеска пристигнаа лоши вести откако беше потврдено дека еден фудбалер е позитивен на коронавирус. Пред неделното дерби против Јувентус фудбалерите на Наполи ќе имаат трето тестирање во саботата вечер.

Останува да се надеваме дека Елиф Елмас и на третиот тест ќе биде негативен и ќе може да му биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски за бараж мечот против Косово за пласман на Европското првенство во 2021 година.

Се вчитува...