Реал Мадрид во желбата за замена на Кристијано Роналдо не успеа да ги доведе ниту Хари Кејн, ниту Нејмар, ниту Килијан Мбпае… Но, затоа во Мадрид пристигнува Родриго Морено.
Се работи за напаѓачот на Валенсија кој брилјираше минатата сезона на „Местаља“. Од таму не сакаат така лесно да го пуштат репрезентативецот но се чини дека на крај нема да одолеат на парите на „кралевите“.
„Ако Реал го сака Морено ќе мора да ја плати отштетата од 120 милиони евра“ – порача тренерот на Валенсија, Марселино.
Но, според последните информации Валенсија се очекува да се согласи и на значително помала понуда, а тоа е 60 милиони евра. Родриго веќе играше во Реал во сезоната 2009/2010 но не доби можност за деби во првиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА