Не е крај: Ибрахимовиќ добива нов договор од Милан

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли потврди дека Златан Ибрахимовиќ ќе добие нов договор со клуибот. Легендарниот шведски напаѓач со месеци играше повреден, но стисна заби за да му помогне на тимот во освојување на Скудетото. Веднаш по завршувањето на сезоната замина на операција, а сите мислеа дека нема повеќе да се врати на теренот.

Сепак, Швеѓанецот ќе добие нов едногодишен договор со клубот и ќе продолжи да игра.

„Златан Ибрахимовиќ замина на операција на коленото за да може да ја продолжи кариерата. Тој сака да игра и понатаму“, рече Пиоли.

Според новиот договор, тој ќе игра и во 42. година од животот. Во минатата сезона постигна осум гола во 27 настапи.

Се вчитува...