Не е ни пола сезона, а Јунајтед веќе прими повеќе голови од лани

Лошата сезона на Манчестер Јунајтед добива уште една статистичка потврда. На помалку од половина од Премиер-лигата Манчестер Јунајтед има примено повеќе голови од целата претходна сезона. Во поразот од Ливерпул, Јунајтед прими три гола и стигна до бројката од 29.

Во ланската сезона, тимот на Мурињо вкупно прими 28 гола. Лани Јунајтед заврши на втората позиција на табелата, во оваа е шестопласиран со дури 19 бода помалку од лидерот Ливерпул. „Црвените ѓаволи“ досега постигнаа идентична бројка од 29 гола.

Со оглед на целата ситуација, менаџерот Жозе Мурињо најави дека неговиот клуб максимум може да се бори за четвртата позиција на табелата.

 

 

Се вчитува...