Не е само Лил: Адеми е желба и на Бордо

Аријан Адеми одлично ја почна сезонава со два гола за Динамо во квалификациите за ЛШ против Хапоел, но македонскиот ас речиси сигурно ќе си замине од „Максимир“ до крајот на овој преоден рок. Добрите игри на Адеми на стартот од оваа, но и кон крајот на ланската сезона придонесоа тој да се најде на листата со желби на неколку клубови, а во моментов големиот борец од средината на теренот е најблизу до преселба во Франција.

Лил веќе извесно време ја следи ситуацијата со Адеми и веќе испрати и втора понуда во висина од пет милиони евра, но овој клуб сега доби и сериозна конкуренција откако Бордо реши да се вклучи во трката по Македонецот.

Имено, „жирординците“ имаат буџет за засилувања по продажбата на Малком во Барселона за 41 милион евра, па сега високо на нивната листа со желби се наоѓа токму Адеми. Приоритет на Бордо бил Брадариќ од Ријека, но откако овој фудбалер ја одбил понудата и сега се наоѓа близу до Калјари, се поголеми се шансите дека токму Адеми ќе биде посакуваното засилување за средниот ред на „жирординците“.

Се вчитува...