Поранешниот марокански тенисер Јунес Ел Ајнауи го искажа своето мислење за вечната дебата „кој е најдобар на сите времиња“. За него тоа не е Новак Ѓоковиќ, туку тоа се Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Според Ел Ајнауи кој во кариерата најголемиот успех го доживеа кога беше рангиран на 14. место не е се во трофеите, туку и во човечноста.
„На хартија, Новак прави голема разлика во односот на титули, но мислам дека треба да се цени и однесувањето на единките. Во тој поглед за мене Рафа и Роџер се пред него. За мене не е се во тенисот во бројките, треба да се гледа и во личноста и во однесувањето по пораз. Во таа смисла Рафа е број еден. Никогаш не сум го видел да прави нешто чудно на терен, никогаш нема скршено рекет, ни пак сме го виделе за се жали. Тој е пример за сите оние кои се занимаваат со тенис.
Никогаш повеќе нема да видиме играчи како Роџер и Рафа. Постои нешто друго освен бројките, тоа е однесувањето во тешките моменти во животот. Лесно е кога победуваш тогаш сите се покрај тебе, но ти си вистински шампион во пораз. Рафа и Роџер отсекогаш подобро прифаќаа пораз од Новак. Можеби и затоа тој освои многу повеќе од нив, но не е се во успесите, туку се вреднува и човечноста“, вели Мароканецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА