Не е се идеално на СП, открива Тони Крос: Томас Шнајдер нема вода, ама јас имам!

Германската фудбалска репрезентација за своја база го одбра малото гратче Ватутинки, а инфаструктурата е далеку од онаа што пред четири години ја имаа во Бразил, каде беа сместени во луксуз. Сега нема плажа, море и убавина, туку руско скромно секојдневие, кал и стари згради во околината на гратчето со 12.000 жители.

Сепак, Тони Крос ја смири ситуацијата на шеговит начин.

„Мислам дека е добро. Овде дојдовме да ги одработиме тренинзите. Основната структура е добра, нема зошто да бараме изговори. Дојдовме овде да играме фудбал. Сега, нешто не работи, ама добро. На пример, Томас Шнајдер нема вода, ама јас имам“, изјави Тони Крос.

Германија го стартува Мундијалот в недела, со почеток во 17 часот, против селекцијата на Мексико.

Се вчитува...