Не е се како што изгледа на прв поглед: Судијата објасни зошто го побарал автограмот од Халанд

Романскиот помошен судија, Октавијан Шовре наиде на сериозни критики од европската фудбалска јавност за „непрофесионализам“ откако на крајот од натпреварот меѓу Манчестер сити и Борусија Дортмунд побара автограм од офанзивецот на „милионерите“, Ерлинг Халанд.

Но, очигледно не е се како што изгледа на прв поглед. А, човештвото не може некако се уште да научи дека не може да се критикува а без да се знае вистината.

Романскиот судија ден потоа мораше да се правда за својата акција која била исклучиво во хумани цели. Шовре веќе долги години волонтерски бил вклучен за помош на Центарот за деца и возрасни со тешки форми на аутизам во Романија. Судијата бил веќе препознатлив во Романија по свои бројни хумани акции.

И неговата цел сега била да го продаде автограмот на Халанд на аукција, кои често ги организирал во својата земја а продавајќи дресови, автограми или други подароци од познати светски фудбалери, и сите средства секогаш ги донирал во Центарот за лица со тешки форми на аутизам.

Се вчитува...