Не е сеедно! – Навивач на Ливерпул случајно заврши на погрешната трибина и си го доби (ВИДЕО)

Ливерпул синоќа се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите откако и во реваншот славеше против Манчестер Сити со 2-1 и со вкупен резултат од 5-1 продолжува во завршницата на најелитното европско клупско натпреварување, прв пат по 11 години. Но, освен супериорната претстава на Ливерпул, натпреварот го одбележа и еден мал инцидент на трибите. Имено, еден навивач на Ливерпул случајно завршил на трибината кај навивачите на Сити и брзо зажали поради тоа.

Откако „црвените“ заголемија на 2-1, навивачот на Ливерпул почна да го слави голот на својот тим, а навивачите на Сити го нападнаа кога сфатија дека не е од нивните.

„Ова се случува кога си навивач на Ливерпул, а се наоѓаш меѓу навивачите на Сити и славиш кога Ливерпул ќе постигне гол. На што бев сведок“ – објави една навивачка на Сити на Твитер.

За навивачот пак на Ливерпул ова беше голема лекција во големата победа на неговиот тим во иднина повнимателно даго одбира местото на трибини.

 

Се вчитува...