Не е шега: ПСЖ пред исклучување од Лигата на шампиони!

Пари сен Жермен веќе извесно време се наоѓа под лупата на УЕФА поради повеќе прекршоци поврзани со финансискиот ферплеј, а европската куќа на фудбалот сега многу сериозно ја разгледува опцијата да го исклучи францускиот првак од Лигата на шампионите.

Ова го тврди влијатениот француски весник Л’Екип, повикувајќи се на извори од највисокото раководство на УЕФА, од каде потврдиле дека се разгледуваат нови докази околу финансиското работење на „светците“ од Париз. Од УЕФА вчера преку соопштение објавија дека стари случаи можат да бидат повторно отворени по најновите откритија на „футбол ликс“, па од денеска повторно „под лупа“ се спонзорските договори на ПСЖ со кои наводно биле обезбедени парите за во еден преоден рок да бидат доведени и Нејмар и Мбапе.

Само ако се земе во предвид спонзорскиот договор со „Qatar Tourism Authority“, за кој се шпекулира дека е потпишан за „местење на сметководствените книги“, без него ПСЖ би бил во минус од 84 милиони евра, надминувајќи го дозволениот лимит од страна на фудбалските власти.

Со оглед на фактот дека ПСЖ веќе еднаш беше казнет за прекршување на финансискиот ферплеј во 2014 година, нов сериозен прекршок би значел и исклучување на францускиот гигант од елтиното европско натпреварување. Останува само дилемата дали Чеферин и неговите најблиски соработници имаат храброст за таков потег.

Се вчитува...