Не фаќа веќе ’четката’ во Вардар, па Работнички му ја удри ’шмирглата’ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Европски Вардар? Тешко нешто оди работава. Со последните резултати, Вардар само се срами во Европа, а паѓа се пониско и во македонскиот шампионат. ’Четкањето’ од Чедомир Јаневски очигледно дека веќе не фаќа така добро, затоа што „вардарци“ не можат да мрднат на теренот, било на Могила каде се пожалија дека не било рамно, ниту пак на „Филип Втори“, каде што пред три месеци играа и Реал Мадрид и Манчестер јунајтед. Ако беше добар теренот за Иско, Роналдо, Погба и за Лукаку, белким е и за Максим Максимов, кој се сопнува од топката…

Работнички го искористи моментот и му удри ’шмиргла’ на Вардар. За да знае дека прво треба да си ја заврши работата дома, па потоа да крева глава горе кон Европа. А, како тргнале „вардарци“ под раководство на Јаневски, фудбалот се почесто им се удира од глава…

[new_royalslider id=”824″]

Се вчитува...