Не издржа долго: Бекер после четири месеци ја прекина соработката со Руне

Славниот германски тенисер Борис Бекер, објави дека го напушта местото главен тренер на данскиот тенисер Холгер Руне, само четири месеци откако ја започнаа соработката.

Бекер истакна дека ја напушта позицијата од професионални и природни причини.

„Поради професионални и природни причини не сум во состојба да му го дадам на Руне она што му е потребно да напредува“, напиша Бекер на социјалната мрежа „Твитер“.

Бекер и Руне почнаа да соработуваат во октомври минатата година. Во тој период најдобриот дански тенисер дојде до полуфиналето на АТП 500 во Базел, а во АТП финалето во Торино загуби од Синер и Ѓоковиќ во групата, додека Циципас му го предаде мечот после три гема.

„Сфатив дека морам да му бидам на Холгер на располагње повеќе за да биде успешен. Секогаш ќе бидам негов навивач и му посакувам се најдобро“, порача Бекер.

Се вчитува...