Не издржа срце јуначко – Ѓоковиќ во солзи ја прослави титулата 365 дена откако беше депортиран од Австралија (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ испиша историја откако успеа да стигне до својата 22. гранд-слем титула и да се израмни на врвот на вечната листа со големиот ривал Рафаел Надал. Србинот до 10. рекордна титула на Австралија опен стигна откако во финалето славеше над Гркот, Стефанос Циципас со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 7-6.

По последниот поен тој се приклучи на својот бокс и таму буквално се сруши на земјата и во плач ја прослави големата титула една година откако беше депортиран од Австралија.

 

 

Се вчитува...