„Не ја потценувајте Серена – Верувајте дека ќе освои гранд-слем“

Поранешниот британско-канадски тенисер Грег Руседски верува дека Серена Вилијамс нема да се врати само затоа што го сака тенисот, туку за да се натпреварува на највисоко ниво,  да освојува трофеи.

Вилијамс, која има 23 титули во поединечна конкуренција на гранд-слемите неодамна го објави своето враќање во тенисот на 44-годишна возраст.

Американката ќе се натпреварува во Квинс следната недела, што ќе биде нејзин прв професионален настап откако беше елиминирана во третото коло од Отвореното првенство на САД во 2022 година.

„Никогаш не потценувајте голем шампион. А Серена е најдобрата на сите времиња во женскиот тенис и луѓето се возбудени поради нејзиното враќање. Верувам дека може да освои гранд-слем турнир барем во игра на двојки“, изјави Руседски. 

Се вчитува...