Не ќе да е до трчањето, еве зошто Дибала не игра за Јуве

Пауло Дибала извонредно ја стартуваше сезоната, но потоа изненадувачки последните неколку средби на „старата дама“ ги почна на клупата за резерви, вклучувајќи го тука и големото дерби со Интер. Тренерот Алегри во јавноста истакна дека е незадоволен што Дибала премалку трча и помага во фазата од одбраната, но според италијанските медиуми вистината е сосема поинаква, а главен виновник за новонастанатата ситуација е братот на Пауло, Мариан Дибала.

Имено, аргентинскиот ас пред извесно време го именувал Мариан за свој агентот, а братот веднаш си доби на значење и почна да разговара со дел од најголемите европски клубови. Тој пред петнаесетина дена заминал за Париз и имал кратка средба со раководството на ПСЖ, со што го навлекол на себе бесот на Јувентус.

Италијанскиот првак јасно ставил до знаење дека нема да толерира таков однос, а одговорот е јасен – Пауло Дибала последните средби ги следи од клупата за резерви. Се очекува ситуацијата да се смени и Аргентинецот од 2018 повторно да биде стартер на Јуве, но останува да се види дали неговиот брат ја научил лекцијата.

Се вчитува...