Не може Кизиќ се сам – Вардар испушти прва победа годинава во последната секунда

Залудна беше маестралната партија на неверојатниот Марко Кизиќ кој во нешто повеќе од едно полувреме запиша 13 интервенции, Вардар испушти победа откако во последната секунда Петерсен донесе бод за Елверум (34-34). Катастрофалната игра во одбрана беше главниот проблем за Вардар во првото полувреме. Целото прво полувреме беше во резултатска нишалка. Норвежаните никогаш не отидоа на повеќе од еден гол разлика, додека Вардар во еден момент имаше два позитива (12-10), а на крајот заминаа со негатива од (20-21).

Во второто полувреме излезе еден нов Вардар, а главниот ветер во грб на македонскиот тим му го даде неверојатниот млад македонски голман Марио Кизиќ. Кизиќ на феноменален начин го почна второто полувреме и во првите десет минути успеа да забележи шест интервенции по кои „црвено-црните“ стигнаа до позитива од плус два (26-24). Вардар конечно ја зацврсти одбраната и предводен од одличниот Марко Кизиќ на голот конечно во 47. минута успеа за првпат да дојде до три гола позитива (28-25). Продолжи шоуто на 20-годишниот чувар на мрежата, кој веќе почна да ги откажува гостите, а во нападот преку Валчак „вардарци“ стигнаа и до плус четири (29-25). Следуваше нова луда интервенција на Марко Кизиќ кој веќе стигна до бројката од 12.

Следеше нов пад на „црвено-црните“, а гостите во 26. минута успеаја повторно да дојдат до израмнување (31-31). Натпреварот влезе во неизвесна завршница. На минута до крај Вардар имаше позитива од (33-32), а повторно херој беше феноменалниот Кизиќ кој на влез во последната минута успеа да фати пенал. Следуваше промашување на Стоилов, а гостите со гол во последните секунди на Петерсен на крајот стигна до реми 34-34.

Кизиќ го заврши натпреварот со 13 одбрани, а најефикасен кај „црвено-црните“ беше Анте Гаџа со осум гола. Кај Елверум по пет гола погодија Мате, Пујол и Солштад.

Се вчитува...