Во разговор за „Газета дело спорт“, репрезентативецот на БИХ Миралем Пјаниќ зборуваше дека сака да се врати во италијанското првенство, кое го напушти поради трансфер во Барселона. Тој не успеа да се наметне во каталонскиот тим, па актуелниот играч на Бешикташ објасни поради кои причини го напушти Камп Ноу.
Пјаниќ четири години беше во Јувентус, а потоа замина во Барса за 60 милиони евра. Играше под просекот, а потоа замина на позајмица во турскиот тим.
„Не можев да продолжам да работам со Куман, тој нема почит. Лапорта донесе добра одлука кога на негово место го донесе Чави. Сега екипата е повторно силна, обединета и секој знае што е негова работа“, рече Пјаниќ.
„Истанбул е убав, но не ми се допаѓа што има многу сообраќај. Не ја изгубив Италија од вид. Италија е мој втор дом, и сакам да се вртам. Имаше контакти со Јувентус, но не се случи ништо поради финансиски причини. Што се однесува до мене, парите не се проблем. Сакам да бидам важен дел од освојување на титулата на Јуве“, изјави Пјаниќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА