Не му е прв пат: Клоп имал луда прослава и во Мајнц (видео)

Јирген Клоп се најде во фокусот на англиската јавност со „лудата прослава“ на победничкиот гол на дербито со Евертон, кога стратегот на Ливерпул истрча триесетина метри внатре во теренот и го славеше голот на Ориги со голманот Алисон Бекер.

ФА вчера покрена и дисциплинска постапка против Германецот, но во меѓувреме неговиот поранешен клуб Мајнц објави видео со кое потсетува дека ова не е прв пат Клоп со трчање до своите фудбалери да прославува гол.

Ова видео е уште поурнебесно, со оглед на фактот дека трчајќи кон играчите Клоп се сопнува од едно од рекламните паноа, за на крајот да стигне до стрелецот Турк.

Се вчитува...