Не оди без Манасков: Веспрем шокиран во ЛШ

Веспрем го претрпе првиот овосезонски пораз во Лигата на Шампионите откако унгарскиот првак вечерва неочекувано загуби од Алборг со 30-32. Дејан Манасков беше еден од неколкуте ракометари на кои тренерот Дејвис не можеше да смета, а данскиот шампион знаеше како да го искористи тоа и да го шокира големиот фаворит.

Уште од самиот почеток стана јасно дека Данците нема да се предадат, гостите беа подобар ривал во првото полувреме во кое имаа предност од 16-19. Веспрем на почетокот од второто полувреме се приближи на 18-19, но следеше нова серија на Алборг со која данскиот шампион го контролираше резултатот до самиот крај. Унгарците повторно дојдоа на „минус еден“ (30-31) со голот на Фати во 59. минута, но гостите реализираа на спротивната страна преку Јул-Ласен и ставија печат на заслужената победа.

Јул-Ласен со девет гола беше предводник на Алборг во големиот триумф, додека најефикасни кај Веспрем беа Борозан и Ненадиќ со по шест погодоци.

Се вчитува...