Тренерската кариера на Роберт Просинечки вртоглано се движи во надолна линија откако хрватскиот стручњак доби отказ и од селекторската функција во Киргистан.
Самиот потпис на Просинечки со оваа азиска селекција беше изненадување, но уште поголемо беше разочарувањето откако во првите четири средби, сите пријателски, тој не успеа да забележи ниту една победа (две реми со Палестина и порази од Мадагаскар и од Екваторијална Гвинеја).
Челниците на федерацијата се обидоа да ја намалат платата на хрватскиот стратег, кој не се согласи на такво нешто, по што следеше и прекин на соработката.
„Киргистанскиот фудбалски сојуз му се заблагодарува на Роберт Просинечки за извршената работа и придонесот за развојот на националната сеекција“, кратко објавија од федерацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
