Не помогнаа ниту „Гробари“ во Минхен: Партизан го загуби трилерот со Баерн

Партизан не успеа да врзе две победи во низа во Евролигата откако „црно-белите“ загубија на вечерашното гостување против Баерн Минхен со 94-85. Избраниците на Жељко Обрадовиќ имаа поддршка од огромен број навивачи во арената во Минхен, но и тоа не им помогна да стигнат до посакуваниот резултат, Баерн беше поумешен во нападот во клучните моменти и заслужено стигна до победата.

Партизан тргна фуриозно, Трифуновиќ беше џокер на Обрадовиќ во стартната четвртина и со десет постигнати поени во првиот период даде значаен придонес за водството од 25-32 во првиот период. Баерн заигра подобро во одбраната во продолжението од мечот, додека Партизан се мачеше да ја најде вистинската комбинација во дефанзива, па баварците најпрвин се вратија целосно во мечот, а потоа и во второто полувреме презеде контрола анд резултатот. АБА-шампионот се врати со извонредната серија на новото засилување Кабокло, но домашните кошаркари продолжија да го полнат кошот на Партизан до самиот крај, шутот не ги служеше гостите во завршницата,па овој драматичен меч заврши со конечни „плус девет“ за Баерн Минхен.

Едвардс беше одличен со 21 поен за Баерн, 17 поени и 6 асистенции имаше Франциско, додека во таборот на Партизан најмногу се истакнаа Кабокло со 19 и Нанали со 14 поени.

Се вчитува...