Не повторно…Ројс ги скина лигаментите?!

Борусија Дортмунд го освои Купот на Германија, но повторно го загуби Марко Ројс. Можеби за долг период. Лекарскиот тим стравува дека се работи за сериозна повреда на десното колено и дека можеби се скинати предните вкрстени лигаменти. Тоа значи дека Ројс би паузирал најмалку шест месеци…

Крилниот играч на „милионерите“ го напушти синоќешниот финален меч од Купот на Германија против Ајнтрахт Франкфурт уште на полувремето. Почувствува болка во коленото, иако потоа остана на нозе и го славеше пехарот со своите соиграчи. Но, во текот на наредните денови ќе му бидат извршени детални лекарски прегледи, по што ќе биде позната и точната дијагноза.

rojs povreden 2

Марко Ројс имаше многу проблеми со повредите во досегашниот тек од кариерата. Тој го пропушти Светското првенство во Бразил во 2014 година поради повреда, исто така и Европското првенство во Франција во 2016 година. Паузираше и оваа сезона повеќе од еден месец во Бундес-лигата поради повреда на мускулот.

Се вчитува...