„Не предадов поради повреда, туку бидејќи не можев да освојам ниту поен против Ѓоковиќ“

Лоренцо Музети ја шокираше тениската јавност обелоденувајќи дека вчерашниот дуел со Новак Ѓоковиќ не го предал поради повреда, туку решил предвремено да капитулира поради надмоќта на противникот на теренот. Музети имаше водство од 2-0 во сетови, но Ѓоковиќ потоа заигра маестрално и ги доби наредните два сета со 1-6 и 0-6.

Во петтиот сет резултатот гласеше 0-4 за Ѓоковиќ кога италијанскиот тенисер по укажаната помош од физиотерапевтот објави дека нема да може да го заврши мечот. Се чинеше дека станува збор за повреда, но Музети шокираше со најновата изјава, обелоденувајќи дека проблем му претставувала немоќта на теренот, а не болките во грбот.

„Не, не предадов поради повреда. Имав малку грчеви и болки во грбот, но реално можев да играм. Поголем проблем ми беше што не можев да освојам ниту поен против Ѓоковиќ, видов дека немам шанса да победам, па решив да се повлечам“, истакна 19-годишниот Италијанец.

Се вчитува...