„Не сакаме публика на ЛОИ по секоја цена“

Неполн месец пред почетокот на Летните олимписки игри ситуацијата со коронавирусот во Јапонија сеуште не е идеална па организаторите на Игрите велат дека нема да инсистираат на присуство на публика по секоја цена.

Претходно беше најавено дека организаторите ќе дозволат максимум 10 илјади луѓе или 50 отсто од капацитетот и тоа ќе бидат само навивачи од Јапонија, а на странците нема да им биде дозволено да ги следат Игрите на лице место.

„Не сакаме да има навивачи по секоја цена. Ситуацијата воопшто не е сјајна. На прво место е здравјето и безбедноста на сите учесници, па тек потоа се останто“, вели Сеико Хашимото, претседателката на Огранизацискиот одбор.

Се вчитува...