Не се потребни посебно Украина и Англија – Репрезентативниот дрес е сам по себе силна инспирација! (ФОТОГАЛЕРИЈА/ ВИДЕО)

Македонските репрезентативци денеска под водство на селекторот Благоја Милевски го одработија и првиот тренинг од официјалниот собир за двата јунски натпревари од квалификациите за ЕП 2024 против Украина (16. јуни во Скопје) и против Англија (19. јуни во Манчестер).

Насмевки, желба и повеќе од сериозен мотив очигледен меѓу репрезентативците кои, како што самите нагласуваат, секогаш носат позитивна енергија кога доаѓаат на националниот собир. Така е и сега и тоа во пресрет на двата натпревари со моќни противници кои носат дополнителна инспирација.

Но, секој од македонските репрезентативци потенцира дека не се потребни силни противници како Украина или Англија за да се има инспирација.

„Националниот дрес е сам по себе секогаш инспирација. Нема потреба да бидат против нас Украина или Англија за да го дадеме максимумот од себе. Но, по победата на стартот од квалификациите, сега е дополнително посилна желбата да се демонстрира квалитетот и против едни од најдобрите европски селекции“ – порачуваат македонските репрезентативци.

На денешниот прв тренинг, во однос на оние фудбалери кои одработуваа тренинзи и изминатава недела, се приклучија плус Енис Барди, Илија Несторовски и Јован Манев а последни на подготовките, на 12. јуни, ќе се приклучат Аријан Адеми, Езџјан Алиоски и Дени Илиев.

 

Се вчитува...