Не се сите во Барселона за намалување плати: „Ние заминуваме…“

Соочувајќи се со кризата наметната од пандемијата на коронавирусот, и од кошаркарскиот клуб Барселона се одлучија на радикални мерки како би се продолжило со нормалното функционирање. На играчите на клубот им е соопштено дека ќе мора да се согласат на намалување на платите за дури 70% во следните два месеци. Но, сето тоа наиде на жесток револт во соблекувалната.

Дел од кошаркарите на Барса, како што се наведува, подготвени се дури да бараат и раскин на договорите доколку се случи сето тоа.

„Во ред, ако го прифатите предлогот, ние ќе ги раскинеме договорите“ – е одговорот од дел од кошаркарите, чии имиња засега не се споменуваат.

Оставен е простор и за дополнителен договор меѓу раководството и кошаркарите.

Се вчитува...