Не се сите „залудени“ по спонзорушите: Мо Салах си ја има Маги уште од детството

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах минатата сезона го освои светот со игрите во дресот на Ливерпул. Прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата, најдобар стрелец со 32 гола и едноставно најпозитивно изненадување на Островот и во Европа.

Каква сезона има зад себе доволна потврда е и фактот дека УЕФА вчера ја објави неговата номинација, заедно со Кристијано Роналдо и Лука Модриќ, за најдобар фудбалер на Стариот континент.

А, што се случува во приватниот живот на Египќанецот малкумина знаат затоа што во јавноста нема баш многу информации околу. Некако најинтересно за светските таблоиди е ситуацијата околу неговиот љубовен живот. А, многу девојки во Англија останаа разочарани кога дознаа дека веќе пет години е оженет човек. Неговата сопруга е Маги со која се во брак од 2013 година. Венчањето било во Нгриду во Египет по муслиманските обичаи со присуство на неколку илјади гости.

Салах и неговата сопруга имаат и ќерќичка Мака, а името го добила по светото место – Мека. Се запознале во тинејџерските денови во Египет. За Маги не се знае многу освен дека е „биотехнолог“ кој не сака многу да се експонира во јавноста.

Во јавноста е видена на крајот од минатата сезона на последниот натпревар на Ливерпул во Премиер лигата, заедно со ќерката Мака. Но, често е на трибините на „Енфилд“ како поддршка за својот Мо.

Се вчитува...