Не си бил во Торино, ако не го посетиш Јувентус (ФОТОГАЛЕРИЈА)

[two_third last=”no”]…[/two_third]

ЕКИПА во Торино, Италија

Никола Ѓуровски

Торино, градот на Фиат, олимписки град, но, секако првата асоцијација е – домот на Јувентус. Велат, не си бил во Торино, ако не си го посетил Јувентус. А, новиот дом на „старата дама“, стадионот „Алијанц“, чие име ќе го носи до 2023 година, е грандиозен објект. Клубот е секако најголемиот во Италија, со повеќе од 300 милиони фанови во светот, со 64 трофеи, прв кој ги има сите европски пехари на Стариот континент.

ЕКИПА ви ја носи ексклузивната прошетка на новиот стадион на Јувентус, преку фотогалерија, сакајќи да ви доближи еден само мал дел, од импресиите што можете да ги доживеете доколку дојдете како гостин кај „старата дама“.

[new_royalslider id=”803″]

Музејот на Јувентус ги содржи сите трофеи, дресовите на најголемите ѕвезди, од самите почетоци, па до легендата за носењето на црно-белата спортска опрема и „братството“ со Нотс Каунти. Така, Јувентус од розево се насочил кон црно-бело, откако во 20-тите години на 20.век нарачал спортска опрема од Велика Британија, и пристигнале дресовите на Нотс Каунти…

[new_royalslider id=”804″]

Се вчитува...