„Не сум кандидат за Златната топка, а дали ќе бев ако играв за Франција?“

Во последните 15 години за наградата Златна топка доминираат двајца фудбалери, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а единствениот голман кој успеал да го освои ова признание е рускиот Лев Јашин уште пред шест децении.

Во последните децении блиску до наградата беа Оливер Кан, Џанлуиџи Буфон и Мануел Нојер, но никој од тројцата не успеал да дојде до оваа награда.

Кон крајот на месецот „Франс Фудбал“ ќе ги прогласи најдобрите во 2021 година, а тоа нема да биде голманот на европскиот првак Едуард Менди. Менди минатата сезона беше еден од заслужните за европската титула, но за чудење не се најде ниту на списокот на 30 кандидати.

Менди смета дека една од причините зошто не е меѓу кандидатите е поради тоа што не ја одбрал селекцијата на Франција, туку се одлучил да брани за Сенегал.

„Не сум меѓу кандидатите за Златната топка. Ќе си поставам себе прашање. Дали ако ја одберев Франција, и настапев на Европското првенство, работите ќе се променеа“, рече Менди за „Канал +“.

Се вчитува...