„Не верувам дека Федерер ќе се врати, повеќе не може да освои гренд-слем!“

Кристофер Клери, колумнистот на угледниот „Њујорк Тајмс“ кој напиша и книга за еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер, најави дека не очекува швајцарската ѕвезда да се врати на тенисот после операцијата која ја имаше.

Според Клери, кој е еден од луѓето што најдобро ја следеше кариерата на големиот Роџер, посочува дека фактот што Швајцарецот повеќе не е конкурентен за трофеј на гренслем-турнирите, ќе биде мотивот да каже крај на професионалниот тенис.

„Јас не верувам дека ќе се врати, но засега тоа е моја претпоставка. Сепак, мислам дека ќе сфати дека се сменија времињата после долгиот процес на рехабилитација. Во тенисот стигнаа нови момци, а Роџер има уште многу други работи во животот што ќе ги направи. На 40 години што може повеќе да освои? Можеби и ќе се врати, ама сето тоа ќе биде тешко и бавно враќање, ама нема шанси повеќе да освојува гренслем трофеи и мислам дека тоа е клучот зашто ќе каже крај на професионалниот тенис“, вели Клери.

Се вчитува...