Убедливиот пораз на Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон, според многумина, стави крај на можноста најдобриот тенисер на сите времиња да освои уште еден гранд-слем. Иако српскиот ас на прес-конференцијата изјави колку го мачи постојаната дискусија на таа тема, тој мора да прифати дека додека игра, тоа нема да престане да биде една од најважните дискусии во светот на тенисот.
Поранешниот тенисер Пет Кеш смета дека овој Вимблдон беше последна шанса Србинот да стигне до 25. титула на најсилните турнири во светот.
„Реално кажано, не верувам дека Ѓоковиќ може да освои уште еден гранд-слем. Овој Вимблдон веројатно му беше последна шанса“, изјави Кеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
