„НЕ“ за ’предавникот’ Бонучи од тифозите на Јуве!

Тифозите на Јувентус не го сакаат назад во Торино ’предавникот’ Леонардо Бонучи. Тој пред една година си замина од редовите на „старата дама“ и направи трансфер во Милан, а сега е пред враќање назад. Но, неговата разделба со фановите не беше најдобра, па сега затоа и проблемите за негов кам-бек се навистина големи. Најверните тифози на Јуве кренаа вистинска револуција околу можноста Лео Бонучи повторно да го облече „црно-белиот“ дрес.

„НЕ за Бонучи“, е паролата која осамна во Торино, а на социјалните мрежи исто така се води жестока кампања за италијанскиот репрезентативец да не се врати во клубот. Тие не сакаат ниту Матија Калдара да замине во редоивте на Милан.

Се вчитува...