Не загубија од Барселона, ама несреќата ги снајде дома

Лион успеа да не го загуби првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите против Барселона, но за тројца фудбалери на францускиот тим вечерта сепак немаше среќен крај. Мемфис Депај, Лукас Тузар и Папе Шеик Диоп беа шокирани по враќањето од натпреварот, кога увидоа дека се ограбени.

Крадците го искористиле периодот додека тие играа фудбал во елитното европско клупско натпреварување за да ги „олеснат“ нивните домови. Биле украдени значителни финансиски средства, накит и други скапоцени предмети, а тројцата фудбалери имаа „продолжение“ до доцна во ноќта со полициските службеници.

Се вчитува...