Неагу се повреди, Романија ќе се бори за медал на ЕП без капитенот

Најдобрата романска ракометарка, Кристина Неагу, пред крајот на натпреварот со Унгарија го повреди десното колено и за неа настапот на ЕП во Франција е завршен. Според првичните информации, се работи за повреда на лигаментите на коленото, но романските медиуми информираат дека Негу сепак, нема да се врати во Романија на лекување, туку ќе остане со репрезентацијата во Франција до крај на превенството без разлика што не ќе може да игра.

Репрезентацијата на Романија обезбеди пласман во полуфиналето на ЕП во кое за противник ќе ја има Русија. Но, Романките во борбата за медал дефинитивно ќе бидат без својата најдпбра ракометарка. Селекторот Амброс Мартин како замена за Неагу во Франција дополнително ја повика 21-годишната Бјанка Басилиу од ЧСМ Букурешт.

Се вчитува...