Неапол го слави „принцот Елиф Елмас“ (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас е херојот на Наполи, откако вечерва неговиот гол донесе победа од 0-1 на гостувањето кај Милан во дерби натпреварот од 18. коло во италијанската Серија А.

Македонскиот дијамант одлично се снајде во шеснаесетникот на противникот по центаршутот на Зјелински од корнер и на неверојатен начин го матираше голманот на „росонерите“, Мањан.

До крај за издвојување е и поништениот гол на Кеси за (1-1) во 90. минута поради офсајд.

За Елмас ова беше петти гол во италијанската Серија А, но дефинитивно досега најважен во неговата кариера.

 

 

Се вчитува...