НЕАПОЛ ГОРИ, но… – Елиф Елмас и Наполи, сепак, ќе почекаат за официјализирање на Скудетото (ВИДЕО)

Тимот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Наполи ќе почека за своето трето Скудето во историјата, прв трофеј за „наполитанците“ по цели 33 години кога последен пат во Италија славеше генерацијата предводена од Диего Марадона, откако денеска не успеа да слави против Салернитана.

Наполи денеска ремизираше 1-1 со Салернитана, не доволно за осигрувањето на трофејот цели шест кола пред крајот на првенството.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 60. минута на денешниот дуел, при резултат 0-0, и по само два минути Оливера погоди за 1-0. Гостите во финишот израмнија за конечни 1-1, шокирајќи ги домашните кои ќе мора да почекаат за официјализирање на Скудетото.

 


Се вчитува...