Недановски: Тажен сум што нема да играме во Задар, но среќен сум што моите играчи покажаа карактер

Ракометниот шампион на Македонија Вардар во трилер натпревар по изведување на пенали загуби од Нексе Нашице со 30-32 и со тоа се пласираше на фајнал-фор турнирот од СЕХА Лигата кој од 2. до 4. септември ќе се игра во Задар.

Тренерот на „црвено-црните“ Владо Недановски по мечот изјави дека е тажен што нема да играат во Задар, но сепак е среќен бидејќи покажале карактер.

„Нексе е добар тим, кој лани двапати нè победи. Ротацијата се покажа како проблем и овој пат. Тажен сум што нема да играме во Задар, иако имавме голема желба, но сепак загубивме на пеналите кои се лотарија. Докажавме дека имаме карактер и може да играме против сериозни тимови, како Нексе кој играше на Ф4-турнирот во Европската лига“, кажа Недановски.

Се вчитува...