Недев светски шампион во кати, сребро за Матеј Ангеловски (ФОТО)

Најдобриот македонски каратист Дејан Недев освои златен медал и стана светски шампион во кати на 7. Светски фудокан карате-до шампионат кој од 3. до 5.ноември се одржа во Клуж, Романија. Овој златен медал, како што истакнуваат од МТКФ, е историски за Македонија бидејќи за прв пат е освоен во кати во сениорска конкуренција.

nedev so zname 66Матеј Ангеловски успеа да се закити со сребрен медал. Тој беше второпласиран во дисциплината фукуго за сениори.

На Светскиот шампионат во Романија учествуваа вкупно 48 земји со над 2.000 натпреварувачи.

nedev so zname 55

Се вчитува...