Недим Мустафица повторно во макбаскетот, овој пат во Пелистер (ФОТО)

Недим Мустафица во новата сезона повторно ќе биде дел од македонското првенство откако постигна договор со вицешампионот на Македонија, Пелистер. Интернационалецот на Босна и Херцеговина на почетокот на претходната сезона со успешност го носеше дресот на Работнички, но си замина од тимот кој се мачеше со финансии.

Искусниот 31-годишен крилен играч настапи на 11 средби во македонското првенство бележејќи просек од 15.9 поени и 8.5 скока со кои беше еден од најдобрите играчи на нашиот најтрофеен тим. По кратката авантура во Скопје се пресели во Искра каде на 12 натпревари забележа 13.7 поени и 8.6 скока.

Се вчитува...