Недовиќ: Имав претчувство дека јас ќе го решам мечот, ова ми беше најважен шут во кариерата

Првото вечно српско кошаркарско дерби во Евролигата донесе невиден спектакл пред 20 илјади навивачи во „Арена“ каде Црвена Звезда се радуваше на победа со поените на Немања Недовиќ на две секунди пред крајот на мечот. Партизан имаше шанса да приреди мирен финиш за победа и славје со своите навивачи, но бекот во „црвено-бело“ ја замолкна преполната сала.

Недовиќ вели дека имал претчувство и верувал дека топката ќе се протне низ мрежичката, но одбраната била таа која ја донесе победата. Притоа се потсети и на претходната сезона кога го реши и големото грчко дерби помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос, а додаде дека овој пат тоа било шут на кариерата.

„Верував дека топката ќе влезе. Имав претчувство дека мене ќе ми припадне шутот за победа“, вели Недовиќ кој се наврати и на натпреварот помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос.

„Против Олимпијакос постигнав кош од 10 метра, но тогаш имаше повеќе време на семафорот. Ова е убедливо најголемиот шут во мојата кариера.

Беше тешко на почеокот поготово во првата четвртина, но се навикнавме на атмосферата, ја наместивме нашата игра со цврста одбрана, а продолживме да ја вртиме топката во нападот. Нашата цел беше да влеземе во последната четвртина со егал и да имаме шанси за победа. Да, јас погодив, но одбраната ни ја донесе победата“

Се вчитува...