Недвед ’беснеел’ во тунелот на „Месталја“

Исклучувањето на Кристијано Роналдо и понатаму е топ тема во европскиот фудбал, а одлуката на Феликс Брих да му додели црвен картон го вознемирила и обично мирниот Павел Недвед. Потпретседателот на Јувентус, според шпанските медиуми, имал свое шоу на полувремето во тунелот на „Месталја“. Тој го чекал германскиот судија Феликс Брих за да му објасни зошто го ’потегна’ црвениот картон за Португалецот.

Сепак, судијата Брих не влегол во кавга, туку продолжил кон својата соблекувална, а тоа уште повеќе го збеснало Павел Недвед. Тој вербално се заканувал и би можел да биде предмет на истрага на дисциплинската комисија на УЕФА.

Се вчитува...