Недвед: Дали ќе остане Алегри? Ќе видиме…

Италијанскиот шампион Јувентус загуби од Рома на „Олимпико“, а главна тема во медиумите и од претходно е останувањето на Масимилијано Алегри на тренерската позиција. Најавите се дека тој ќе си замине по завршувањето на сезоната, со оглед дека Јувентус не го исполни планот во Лигата на шампионите.

„Средбата на тренерот и на претседателот традиционално се одржува во јуни и само ако е неопходно се одржува порано од предвиденото. Имаме одличен тим и за италијански и за европски простори. Дали ќе остане Алегри? Ќе видиме“, изјави Павел Недвед по поразот од Рома.

Масимилијано Алегри се споменува дека би можел да биде нов тренер на францускиот првак Пари Сен Жермен.

Се вчитува...