Недвед: Јуве има светла иднина, овој тим е спој на младост и искуство

Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед, не е загрижен поради променливите игри и резултати на стартот од сезонава. Тој потенцираше дека клубот се обидувал да се подмлади во последните години, промените во играчкиот кадар започнаа во времето на Маурицио Сари, а продолжија и во текот на летово со заминувањето на Кристијано Роналдо.

Сепак, посакуваните очекувања не се реализираат, а за ова сведочи и осмото место на табелата во Серија А на кое се наоѓа „старата дама“. Тимот од Торино има 14 бода помалку од водечките Милан и Наполи.

„Се обидовме со вистинска комбинација на искусни играчи како Буфон, Кјелини и Бонучи и млади играчи како Киеза и Де Лихт да бидеме подобри. Се обидовме да го балансираме минатото и иднината на клубот со цел да бидеме конкурентни во Италија и Европа. Не сме загрижени, пред јувентус е светла иднина“, изјави Недвед.

Се вчитува...