Недвед: Никој никогаш нема да ја повтори шампионската серија на Јувентус

Италијанскиот првак Јувентус освои нова титула во Серија А, осмо последовно „скудето“ за гигантот од Торино. Потпретседателот Павел Недвед вели дека пова остварување на „старата дама“ нема никој никогаш во Италија да го повтори.

„Да се направи една таква шампионска серија, посебно во Италија, е речиси невозможно. Ние победувавме и победувавме со големи тренери и фудбалери, но пред се поради посебниот менталитет на Јуветус. Тука атмосферата е победничка, зошто неверојатно е чувството да се освојуваат сите тие трофеи“, изјави Павел Недвед по новата титула на „старата дама“.

Јувентус постави нов рекорд и Топ 5 лигите во Европа. Досега седум последовни шампионски пехари имаше освоено и Лион.

 

Се вчитува...