Негативна досегашна статистика од дуелите со источниот сосед: Трајковски единствен од актуелниот состав погодил против Бугарија (ВИДЕО)

Македонија за првпат во својата историја ќе се соочи со репрезентацијата на Бугарија на едно официјално натпреварување под капата на УЕФА. Денешната ждрепка одлучи Македонија да биде во групата 4 од Ц-Лигата на нациите заедно со Бугарија, и со селекциите на Грузија и Гибралтар.

Но, иако немаме официјални натпревари, македонската репрезентација досега има дури седум пријателски натпревари со Бугарија, согласно кои традицијата е на страната на источниот сосед. Македонија има само две победи од пресметките со Бугарите, едно реми и четири порази, со негативна гол-разлика од 3-7.

Последниот меѓусебен меч е од 2016 година кога во Скопје загубивме со 2-0.

Претходно, пак, во август 2013 година на тестот во Скопје славевме со 2-0 со головите на Агим Ибраими од пенал во 83. минута и на Александар Трајковски во 86. минута.

СИТЕ ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ СО БУГАРИЈА
29. март 2016: МАКЕДОНИЈА – Бугарија 0-2
14. август 2013: МАКЕДОНИЈА – Бугарија 2-0 (Стрелци: Ибраими 83′(п), Трајковски 86′)
1. март 2006: МАКЕДОНИЈА – Бугарија 0-1
15. август 2001: Бугарија – МАКЕДОНИЈА 1-0
25. март 1998: МАКЕДОНИЈА – Бугарија 1-0
28. мај 1996: Бугарија – МАКЕДОНИЈА 3-0
12. април 1995: МАКЕДОНИЈА – Бугарија 0-0

Македонија против селекција на Грузија досега во историјата има само три натпревари и тоа со две ремија и една победа во Тбилиси, онаа историската од 0-1 во финалето од Лигата на нации по која обезбедивме пласман на ЕП 2020. Двете ремија се од минатогодишната Д-Лига на нации кои завршија без победник, (1-1).

Со Гибралтар, пак, Македонија има само два натпревари од онаа првата Д-Лига на нации. Победивме на двата натпревари, со 4-0 во Скопје и со 0-2 на гостински терен.

Се вчитува...