Нехумани услови во Токио – Шпанката Бадоса во инвалидска количка изнесена од теренот

Шпанската тенисерка Паула Бадоса мораше да го предаде четвртфиналниот натпревар против Маркета Вондрушова од Чешка на олимпискиот тениски турнир во Токио.

Откако Бадоса го загуби првиот сет со 6-3 поради големите температури во Токио таа доживеа топлотен удар поради кој во инвалидска количка мораше да биде изнесена од теренот.

Во првиот сет неколку пати се консултираше со доктори, но едноставно премногу и беше тешко да продолжи. Таа подоцна денеска треба да игра и микс дубл со Карено Буста, но најверојатно ќе мора да го предадат тој меч.

 

 

 

 

Се вчитува...