Нејмар човек на одлука за Барселона во Купот на Шпанија (видео)

Шпанскиот гигант Барселона малку потешко од очекувањата славеше против Реал Сосиедад на првиот четвртфинален дуел од Купот на Шпанија со минимален резултат 1-0.

Статистички гледано, Барселона имаше повеќе шанси и поседа на топката, меѓутоа до тирумфот дојде исклучително тешко. Во 21 минута, тимот на Луис Енрике доби удар од белата точка, кој во погодок го претвори бразилскиот офанзивец Нејмар.

Во второто полувреме, Реал Сосиедад заигра поофанзивно, но не успеа да ја затресе мрежата на „каталонците“, кои со предност од еден гол ќе го пречекаат Реал Сосиедад на „Камп ноу“.

Neymar Penalty Goal HD – Real Sociedad 0-1… by Live1Goals

Се вчитува...