Нејмар: Да, излегувам во дискотеки кога можам – Јас сум на врвот веќе 12 години!

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар не негира дека сака ноќен живот, но истакнува дека луѓето треба да го оценуваат само врз основа на она што го покажува на теренот. Бразилскиот напаѓач привлекува големо внимание со своето контроверзно однесување.

Одличниот напаѓач најмногу е обвинуван за недоволната посветеност на фудбалот. Последната исповед, за време на интервјуто за „Fui Clear“, дополнително ќе влијае на впечатокот што го остава кајфудбалските фанови.

„Излегувам во дискотеки кога можам, кога е можно, кога знам дека утре немам тренинг. Нема ни да престанам. Што е тука проблемот? Судете ме врз основа на она што го правам на терен. Критикувајте ако е потребно. Но, што правам надвор од теренот?“, рече Нејмар.

Нема причина за грижа.

„Знам да се грижам за себе. Имам физиотерапевт, имам фитнес тренер, тие во суштина се 24 часа со мене. Луѓето велат: Ах, Нејмар не се грижи за себе, Нејмар ова, Нејмар тоа. Како тогаш успевам да сум 12 години на врвот ако не се грижам за себе? Никој не може да ми го објасни тоа“, потенцираше ѕвездата на „светците“.

Одличниот фудбалер не блескаше од почетокот на оваа сезона. На осум натпревари досега во сите натпреварувања има постигнато само еден гол.

Се вчитува...